Top Sport

Судбината на Манџукиќ во Јуве зависи од Игуаин

Италијанскиот шампион Јувентус има проблеми со напаѓачите. Тренерот Маурицио Сари има двајца напаѓачи повеќе од потребното, во моментов.

Сигурно е само дека 19-годишниот Моис Кин ќе го напушти Торино летво, а прашање е кој ќе биде вториот што ќе си од „Старата дама“.

„Калчомеркато“ наводно го открива планот на Сари. Италијанскиот стратег одлучил да го задржи Хрватот, Марио Манџукиќ доколку Аргентинецот Гонзало Игуаин пронајде нов клуб. Доколку Игуаин и понатаму ги одбива сите понуди од клубовите, тогаш за Хрватот ќе нема место во екипата каде прва ѕвезда е Кристијано Роналдо.

„Кориере дела Спорт“ пренесува дека Јуве ја постави и цената за Манџукиќ, износот е меѓу 25 и 30 милиони евра. Сепак, интересот на клубовите за него е слаб.

Се шпекулира дека е можно враќање на хрватскиот фудбалер во Атлетико Мадрид или Баерн Минхен, а наводно интерес за неговите услуги пројавува и Борусија Дортмунд.

Јуве ова лето потроши околу 150 милиони евра на засилувања. Дојдоа Матијс де Лихт, Кристиан Ромеро, Лука Пелегрини, Мерих Демирел, Арон Ремзи, Џанлуиџи Буфон и Адриен Рабиот.

Дел од парите „Старата дама“ планира да ги врати од евентуална продажба на Манџукиќ, Игуаин, Кин, Кедира, Матуиди и Перин.

Scroll to Top