Кениската боксерка, Кристин Онгаре има невообичаена животна приказна.
Младата спортиска која на само 12 години останала бремена, 14 години потоа ќе настапи на Олимписките игри во Токио.
Онгаре заврши третопласирана во перо-лесна категорија во афричките квалификации, што значеше пласман во Токио и борба за најсјајното одличје за секој спортист.
Таа освојувачка на бронзениот медал од Игрите на Комонвелтот во 2018 година. Онгаре вели дека имала голема помош од својата мајка при одгледувањето на детото кое го родила уште додека таа била речиси дете.
„Таа ја презема грижата за подигнување на моето дете, така што моето дете мајка ми ја знае како своја мајка. Бев мало дете, тоа беше чист притисок да пробаш нешто и тогаш тоа те уништува. Имав тежок живот, не сакам да зборувам за тоа“ – изјави Онгаре.
Таа вели дека боксот е се што има.
„Не постои друг начин да заработам пари. Ако се квалификувам за ОИ, тоа ќе ми отвори многу врати, се надевам дека ќе успеам“ – рече младата боксерка пред квалификациите.
Желбата и се исполни!
The story of Christine Ongare ?? is incredible.
Her #Tokyo2020 qualification is the reward to a life of endless effort and self-determination.
Tune in to watch the Olympic #boxing qualifiers LIVE: https://t.co/a0K3OIMeLn pic.twitter.com/xtobgOGKIQ
— Olympic Channel (@olympicchannel) February 29, 2020