Top Sport

Бруно Алвеш од слободен удар во 87. му скина два важни бода на Милан (видео)

Португалецот Бруно Алвеш со прекрасен гол од слободен удар во 87 минута му скина два бода на Милан во борбата за четвртото место на табелата кое носи квалификации за ЛШ идната сезона.

На „Енио Тардини“ Парма губеше со голот кој за Милан го постигна Кастиего во 69 минута. Кога Росонерите помислија дека Парма не може да дојде до бодови, дефанзивецот Борини стартуваше непромислено на дваесетина метри откосо од голот на Донарума.

Искусниот Бруно Алвеш со прецизен удар го матираше пртивничкиот голман и донесе многу радост во гледалиштето. Конечниот резултат беше 1-1.

Со овој бод, Милан останува на четвртата позиција на табелата во Серија А. Доколку Рома вечерва го изненади Интер во Милано, „волчицата“ ќе биде во пол позиција за настап во ЛШ.

Scroll to Top