Top Sport

Борусија најде замена за Пулишиќ, Заха од Кристал Палас доаѓа во Дортмунд?!

Американецот Кристијан Пулишиќ ја игра последната сезона во Дортмунд, во тимот на Борусија, по трансферот во Челси. Сепак челниците на бундеслигашот не губеа многу време, па на „Сигнал Идуна Парк“ по секоја цена сакаат да го доведат талентираниот крилен фудбалер на премиерлигашот Кристал Палас, Сенегалецот Вилфред Заха.

Според информациите на „Спорт билд“, фудбалерот има одлична сезона, па стана мета и на лондонски Тотенхем.

„Милионерите“ уште минатото лето беа заинтересирани за фудбалерот, за него понудија 50 милиони евра, но Палас ја одби понудата.

Сепак, Борусија од трансферот на Пулишиќ заработи 64 милиони евра, па има пари за да го донесе Заха во Дортмунд.

Освен Сенегалецот, Борусија Дортмунд е заинтересирана и за услугите на Торган Азар, братот на ѕвездата на Челси, Еден Азар. Торган игра успешна сезона во тимот на Борусија Менхенгладбах.

Scroll to Top