Top Sport

Берге „го преспал“ дуелот Данска-Шведска кој одлучуваше за судбината на Норвешка

Норвешкиот ракометен селектор, Кристијан Берге ја шокираше ракометната јавност со индолентниот однос кон случувањата поврзани со репрезентацијата што ја предводи.

Додека цела ракометна Европа го следеше синоќешниот дуел меѓу Данска и Шведска кој одлучуваше за патниците во полуфиналето на СП во Германија и Данска, Берге на новинарите им признал дека ги погледнал само последните моменти од мечот кој одлучуваше и дали Норвешка ќе се бори за медали.

„Да ви кажам искрено, не ги следев Данците и Швеѓаните. Ги погледнав последните 4 минути, но и тие ќе ги пропуштев доколку не ме заинтригира вревата во ходникот и во останатите соби. Не сум човек кој сака да троши енергија на работи на кои не може да влијае“ – рекол Берге.

Незаинтересирано звучи и за престојните предизвици на Норвешка во разврската на медалите во Германија.

„Ќе се обидеме во петок да ја совладаме Германија во Хамбург“ – кратко прокоментира Берге.

За потсетување, Норвешка пред мечот меѓу Данска и Шведска имаше осум бодиви, па селекцијата ќе одпаднеше од полуфинале доколку Швеѓаните со неколку голови ја совладаа Данска во Хернинг. Сепак до тоа не дојде, иако имаше шпекулации за „местенка“.

Данците одиграа за својата чест, славеа со 30:26 против Шведска и закажаа полуфинале против Франција. Во другото полуфинале што утре ќе се игра во Германија, домаќинот ќе се сретне со избраниците на Берге, Норвешка.

Scroll to Top