Top Sport

Божиќно чудо – голманот Фостер му спасил живот на 80-годишен навивач

Младо момче во Англија на интернет сподели интересна приказна поврзана со неговиот дедо и поранешниот репрезентативен голман на „Гордиот Албион“, Бен Фостер.

Споменатиот ден неговиот дедо Дементан кој е голем навивач на Вотфорд кој тогаш имал 80 години се враќал од натпреварот меѓу Вотфорд и Кристал Палас (минатата сезона, мечот заврши 0-0). Дементан членска карта на омилениот клуб имал цели 60 години.

По мечот, тој не можел да го запали својот автомобил, акумулаторот останал без струја. Тогаш старецот решил пеш да се врати дома, цели 16 километри.

Во меѓувреме фудбалерите на Вотфорд ги завршиле обврските на стадионот. Се стемнило, а Бен Фостер со сопругата и со неговиот татко поминале крај дедото кој пеш одел кон дома.

Забележале дека нешто не е во ред, па се вратиле. Тогаш го виделе како лежи покрај патот. Паднал, а тие најверојатно му го спасиле животот.

Според раскажувањето, го однеле во нивниот дом, го избањале и му облекле сува облека. Потоа го однеле во неговата куќа и го поканиле на 25 декември – за Божиќ.

На официјалниот Твитер профил Вотфорд се пофали со делото на својот голман.

Бен Фостер има 36 години, во Вотфорд е од летото 2018 година. Во кариерата бранеше и за Стоук, Манчестер Јунајтед, Бирмингем, Вест Бромвич.

Го носеше и дресот на Англија, во 8 наврати.

Scroll to Top