Top Sport

Дејан Манасков ја продолжи верноста со Веспрем до 2022 година (фото)

Левото крило на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков ја продолжи верноста со екипата на унгарски Веспрем до 2022 година. Покрај Манасков, продолжување на соработката потпишаа и Гаспер Маргуч и Петар Ненадиќ.

Велешанецот во Веспрем е цели 2 години, а претходно искуството го собираше во Рајн Некар Левен, Вардар, Вецлар и во Металург.

Вчера унгарскиот клуб потпиша договор и со шпанскиот голман, Родриго Коралес кој ја игра последната сезона во францускиот шампион, ПСЖ.


Scroll to Top