Top Sport

Брестовац: Оваа хемија тешко ќе се создава во иднина, ќе правиме анализа!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација,Данило Брестовац на прес-коференцијата по мечот со Австрија не го криеше разочарувањето од неуспехот.

„Не смееме да промашуваме чисти ситуации, се провлече нервоза без потреба, пробавме да се вратиме, но беше неуспешно. Ако се вратиме на сите мои прес-конференции, кога ви кажував од кој се плашам најмногу, така и излезе. Оваа хемија тешко ќе се создава во иднина, морам да му се заблагодарам на капитенот што одигра максимално на овие натпревари.
Сепак мораме да бидеме на чисто, кој сака да игра, кој не сака да игра, тешко се спојуваат играчите, оние поискусните со помладите. Ќе направиме анализа, ако треба ќе ризикуваме едно големо натпреварување, за да можеме во иднина да бидеме конкурентни“ – рече Брестовац.

Според него голем проблем е и фактот што мала е минутажа на дел од играчите во клубовите.

„Имаме тројца-четворица играчи кои немаат минутажа на терен. Танкоски не игра во Европа. Мишевски не игра напад, само одбрана. Нашите не играат, седат на клупа. Мораме да најдеме нови опции. Костески не игра во Загреб, Димитриоски имаше слаба реализација на пријателските натпревари“ – потенцираше селекторот.

Scroll to Top