Top Sport

Валенсија го реши Химки, ЦСКА го сруши „кралот“, се разбуди Фенер, а суров беше Ефес

Кошаркарите на Валенсија го победија Химки нагости во Русија со 84-75 во рамки на 19 коло од кошаркарската Евролига.
Кај победничката екипа најефикасен беше Фернандо Сан Еметерио со 18 поени, додека кај руската екипа стандардно Алексеј Швед предводеше со исто така 18 поени.

Кошаркарите на московска ЦСКА на свој терен славеа победа против Реал Мадрид со 60-55 и така ја прекинаа низата победи на „кралскиот клуб“ кој не знаеше за пораз на претходните 13 меча во Евролигата.

Кај ЦСКА прва фигура беше Мајк Џејмс со 19 поени, додека кај Реал најефикасен беше Треј Томпкинс со 14 поени.

Кошаркарите на Ефес на свој терен го торпедираа италијански Армани со 20 разлика, 88-68. Турскиот тим беше предводен од Шејн Ларкин кој постигна 23 поени, додека во екипата од Милано се истакна Артурас Гудаитис со 11 поени.

Турскиот тим моментно е на првата позиција во Евролигата.

Кошаркарите на Фенербахче на свој терен немаа никакви проблеми против француски Асвел, славеа победа од 86-64.

Предводници во турскиот тим беше Нандо де Коло и Дерик Вилијамс со по 16 поени, додека кај француската екипа најефикасен беше Амин Ноа со 12 поени.

По 19 кола Фенер се наоѓа на десеттата позиција на табелата, додека Асвел е 12-ти.

Предмалку во неизвесна завршница, во Пиреја, Олимпијакос беше поразен на свој терен од Алба Берлин со резултат 86-93.

Scroll to Top