Top Sport

Брестовац в недела официјално ќе стане нов кормилар на најдобрите ракометари

Ракометната федерација на Македонија в недела ќе ја одржи промоцијата на која ќе биде претставен новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија.

Познато е веќе дека актуелниот тренер на скопски Металург и кормиларот на млaдинските селекции, Данило Брестовац ќе ја добие довербата од Федерацијата за да продолжи по стапките на Раул Гонзалез.

Деталите од договорот со новиот македонски национален селектор ќе бидат сопштени на прес конференција, но ќе бидат претставени и очекувањата од него.

Претпоставките се дека Данило Брестовац до јуни годинава ќе го предводи Металург, а потоа ќе се посвети само на репрезентацијата.

Новиот селектор веќе во април против Исланд ќе го има „огненото крштевање“ во рамките од квалификациите за ЕП 2020.

Scroll to Top