Давид Стоктон, синот на легендарниот НБА плејмејкер, Џон Стоктон потпиша договор со ЛА Лејкерс.
28-годишниот кошаркар минатата сезона ја помина во Германија, во тимот на малку познатата екипа Меди Бајрет каде Стоктон имаше 8.7 поени, 3,6 асистенции и 2,1 скок по меч.
OFFICIAL: The Lakers have signed @dstockton32 https://t.co/ObCv0PRWqF
— Los Angeles Lakers (@Lakers) October 4, 2019
Стоктон во 2016 година како големо засилување стигна во Загреб, во тимот на Цедевита каде потпиша тригодишен договор. Таму не ги импресионираше во Управата на клубот, па по само два месеци доби отказ.
По хрватската авантура тој се врати во САД, каде заработи два краткотрајни договори со Јута Џез, по што среќата повторно се обиде да си ја проба во Европа.