На Мундобаскетот во Кина се одигра крајо неизвесен натпревар. Кошаркарите на САД славеа триумф против селекција на Турција со 93-92 по продолжение од 5 минути, откако во регуларниот дел мечот заврши нерешени 81-81.
Трагичар кај Турците е нашинецот, кошаркарот роден во Охрид,Чеди Осман. Тој најпрво во последните моменти од регуларниот дел направи фаул врз Тејтум, по што кошаркарот на САД доби 3 слободни фрлања. Реализираше 2, па мечот отиде во продолжение.
Во продолжението од мечот од 5 минути Турците имаа свои моменти, погодија неколку тројки. Имаа водство од 92-91 кога Американците загубија топка во нападот, по што направија неспортски фаул врз Балбај. Турскиот кошаркар ги промаши двете слободни. Веднаш потоа фаул беше направен и врз Осман, но и тој двапати беше непрецизен.
Кошаркарите на Грег Попович во последните моменти од продолжението тргнаа во напад, фаулиран беше Мидлтон, но неговата рака двапати беше смирена за конечни 93-92.
За потсетување на средината на втората четвртина Американците имаа цели 15 поени предност, па ништо не наговестуваше на драма во Шангај. Сепак, Турците предводени од Илјасова кој мечот го заврши со 23 поени го топе водството на фаворизираните противници. Свој ден немаше Чеди Осман, промаши многу шутеви, но селекторот на Турција Уфук Сариџа имаше доверба во него до самиот крај.
Во победничката селекција најпрецизен беше Кемба Вокер со 14, а во турскиот тим освен Илјасова, одличен беше и Махматоглу со 18 поени.
Во последното коло од групата Е ќе се одиграат дуелите САД-Јапонија и Чешка-Турција.
Во моментов по две кола САД се први со 4, Турција и Чешка имаат по 3 бода, а Јапонија има 2 бода.