Турскиот кошаркар со македонски корени (роден е во Охрид), Чеди Осман за сајтот на ФИБА даваше анализа за шансите на Турција на претстојното Светско првенство во Кина.
Селекцијата на Турција, предводена од селекторот Уфук Сариџа досега има 3 од 3 на подготовките. Совладани се селекциите на Франција, Тунис и Сенегал.
Освојувачите на светското сребро од 2010 година ќе се натпреваруваат во групата Е заедно со САД, Чешка и Јапонија.
„Американците не доаѓаат со најдобриот состав, но и понатаму се силни, имаат многу НБА играчи. Ќе биде тешко, но не и невозмоѓно да ги победиме. Ќе се обидеме да ја играме најдобрата кошарка и да дојдеме до првото место во групата. Верувам дека сме доволно добри за такво нешто“ – вели Осман.
Тој се наврати на финалето од Светското првенство 2010 кога Турција загуби од САД со 81-64.
„Тогаш Американците имаа јака екипа, со Дурант, Роуз и со сите тие сјајни играчи. Нашата селекција тогаш се бореше до крајот, сите 40 минути. Освоивме сребро што беше голем успех за нас. Оваа генерација е помлада од таа, немаме многу искуство, но мораме да веруваме во успех. Од никого не се плашиме“ – заклучи Осман.
Турција Мундобаскетот ќе го заполне на 1 септември на дуелот со Јапонија во Шангај.