Top Sport

Чеферин: Нашата жртва е најголема!

УЕФА денеска донесе очекувана одлука, ЕУРО 2020 ќе се одржи во летото 2021 година, поради пандемијата на коронавирусот ширум светот.

Веднаш откако европската куќа на фудбалот ја донесе одлуката, се огласи нејзиниот претседател, Александер Чеферин.

„Ние се наоѓаме на чело на спортот со кој огромен број луѓе живеат и дишат, кој го покоси овој невидлив и брз противник. Во вакви времиња, фудбалската јавност мора да покаже одговорност, единство, солидарност и алтруизам.
Здравјето на навивачите, луѓето и играчите мора да се наш приоритет, а во тој дух, УЕФА осмисли бројни опции за да можат натпреварувањата да се завршат сезонава. Горд сум на колегите ширум Европа. Постои вистински дух на соработка, сите разбраа дека мора да жртвуваат нешто за да ги постигнеме најдобрите резултати. Најважно е што УЕФА како владејачко тело на европскиот фудбал ја направи најголемата жртва. Поместувањето на Европското првенство претставува голем трошок за УЕФА, но ќе дадеме се од себе финансирањето на развојот на фудбалот во 55 земји да не биде погоден“ – рече меѓудругото Чеферин.

Scroll to Top