Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави соучество на белградска Црвена Звезда по повод смртта на легендарниот фудбалер Драгослав Шекуларац.
„Ќе остане запаметен како еден од најголемите и најсакани југословенски фудбалери кој одбележа една епоха на европскиот и светскиот фудбал“ – навел Чеферин во писмото до Звезда.
Тој нагласува дека популарниот Шеки ќе остане запаметен како голем шампион.
„Ќе остане запаметен како голем шампион кој освои 5 титули првак и три купа со Звезда, а посебно ќе се памети неговиот настап на ЕП 1960 во Франција кога Југославија ја однесе до големото финале со СССР и сребрениот медал“ – додава Чеферин.
Првиот човек на УЕФА вели дека Шекуларац „беше играч пред времето и со своите фудбалски чудесии, дриблинзи и голови ќе остане во сеќавање на сите“.
Драгослав Шекуларац кој е роден во Штип, почина на 5 овој месец на 82 години, а утре ќе биде погребан во Белград.