Top Sport

Тотенхем бара 230 милиони евра за да го пушти Ериксен во Реал Мадрид

Шпанска „Марка“ тврди дека Тотенхем ја одредил цената за Кристијан Ериксен, за да го пушти во Реал Мадрид. „Спарси“ би се откажале од услугите на данскиот фудбалер доколку Кралевите искешираат околу 230 милиони евра.

„Ако Реал го сака, ќе мора да го урне рекордот“ – рекол претседателот на Тотенхем, Даниел Левиј пред 2 месеци.

Тој во минатото добро посредуваше во Реал кога најпрво Модриќ им го продаде за 35 милиони евра, по што следуваше тогаш рекордниот трансфер на Герет Бејл од Лондон во Мадрид за 100 милиони евра.

Сегашниот рекорд за највисок трансфер е на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, што значи дека Тотенхем сака сума повисока од оваа за Данецот.

За напомена, Ериксен во Тотенхем пред пет ипол години дојде од Ајакс за 12 милиони евра.
Тој за „Спарси“ одигра 251 натпревар на кои постигна 62 гола надополнети со 78 асистенции.

Scroll to Top