Top Sport

Челси го спушти Сити на земја, па Ливерпул го направи лидер во Премиер лига (видео)

Дербито во 16. коло во Премиер лигата меѓу Челси и Манчестер Сити помина во знакот на „сините“ од Лондон. Домашните фудбалери го совладаа шампионот со 2-0 со головите Канте и Луиз.

Италијанскиот тренер во редовите на Челси одлично ја простудирал играта на Сити предводен од Гвардиола.
Иако гостите од Манчестер доминирааа во првото полувреме, сепак „малиот“ Канте со силен и прецизен удар од 16 метри ги донесе домаќините во водство.

„Граѓаните“ се обидоа да се вратат во игра, но Челси од корнер стигна до двојна предност 2-0 во 78. минута од мечот. Давид Луиз скокна највисоко и ја смести топката во мрежата.

Манчестер Сити мораше му го препушти лидерското место на табелата на Ливерпул кој сега има 42 бода.

Scroll to Top