Top Sport

Сагосен пука од самодоверба, селекторот Берге исплашен од Хрватите!

Сандер Сагосен е најдобриот играч на Норвешка на досегашниот дел од Европското ракометно првенство, а воедно и прв стрелец со 51 постигнат погодок. Тој одмораше вчера против Словенија и ја чуваше свежината за утрешното полуфинале на Норвешка со Хрватска.

„Ќе бидат 60 минути жесток ракомет, не чека многу добра селекција, со силни индивидуалци. Одлични играчи се, штом сте малку невнимателен, веднаш ви ја крадат топката. Никогаш не сме освоиле титула, Хрватска и Шпанија веќе имаат освојувано. Но ние никогаш не сме биле подобри, никогаш не сме можеле да одмораме играчи во текот на првенството. Ниту јас не сум бил подобар и посамоуверен. Знам дека сум во добра форма“ – рече Сандер Сагосен.

Од друга страна, негговиот селектор Кристијан Берге е далеку попретпазлив, дури и исплашен од противникот во полуфиналето на ЕП2020.

„Со Хрватска е секогаш тешко, така ќе биде и сега. Ќе се бориме за секоја топка и се надевам дека таа борбеност ќе пресуди. Кај нив ме импресионира одбраната 5-1, многумина со таа одбрана имаат проблеми. Не ја одбравме Хрватска, се договоривме да одиме на победа со Словенија без оглед на противникот. Сите во Норвешка се здрави, а Хрватите влечат повреди од Виена. Сакаме на ОИ“ – рече Берге на денешната прес-конференција која предмалку се одржа во Стокхолм, градот домаќин на разврската на медалите.

Првиот полуфинален дуел на ЕП е утре од 18 часот, меѓу Норвешка и Хрватска, а второто полуфинале е меѓу Словенија и Шпанија, со почеток од 20.30 часот.

Scroll to Top