Top Sport

Червар: Сакам финале за простување од Хрватска

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Хрватска, Лино Червар изјави дека на претстојното Европско првенство целта на неговата селекција е финале. ЕП е на програмата од 9 до 26 јануари идната година, а Хрватска е во групата А во Грац, со селекциите на Србија, Црна Гора и Белорусија.

„Хрватската ракометна репрезентација веќе 10 година не била во финале на големо натпреварување и тоа е мојата цел на престојното ЕП. Хрватска никогаш не била европски шампион и тоа ќе ни биде совршена мотивација. Сакам финале во годината кога ќе се простам од репрезентацијата по ОИ во Токио“ вели Червар, а пренеесува „Хина“.

Тој истакна дека нема да биде лесно во групата.

„Тоа сигурно нема да биде прошетка. Црна Гора е комплетна, ги добија и светските прваци и навистина се снажни и способни да победат секого. Белорусија е исто така силна, со многу врвни играчи. Србија по подолго време има јака селекција, со изразен тимски дух, што им недостасуваше претходните години“ – рече трофејниот ракометен тренер.

Хрватите со Црна Гора играат на 9 јануари, а два дена подоцна со Белорусија. Дербито против Србија е на 13 јануари.
Двете најдобри екипи од групата поминуваат во втор круг, во Виена.

Scroll to Top