Top Sport

Светски куп: Брињоне славеше во велеслалом, Шифрин разочара

Италијанската скијачка, 29-годишната Федерика Брињоне славеше во денешната трка во велеслалом во Светскиот куп во Куршевел и со тоа го презема првото место во генерланиот пласман во оваа дисциплина. Тоа за неа е прва победа сезонава, а вкупно 11-та во кариерата.

Блиску до големо изненадување беше 24-годишната Норвежанка, Мина Форст Холтман која беше најбрза во првото возење. Добро возеше и во втората трка, но сепак на крајот заврши како втора со само 4 стотинки заостанување. Тоа за неа значеше прво качување на подиумот во Светскиот куп.

Како трета трката ја заврши Швајцарката Венди Холденер со 44 стотинки заостаток зад Италијанката.

Разочара со својот настап Американаката Микаела Шифрин, олимписката шампионка во велеслалом и водечка во Светскиот куп. Таа во двете возења беше непрепознатлива, па трката ја заврши на 17 место.

Шифрин води во генералниот пласман во Светскиот куп со 546 бода, а втора е Федерика Брињоне со 381. Трета е Викторија Ребенсбург со 311, а четвра Петра Влахова со 288 бода.

Scroll to Top