Top Sport

Чешка ја „спакува“ Англија во 85 минута, лоб-ремек дело на Роналдо (видео)

Во Чешка се слави, совладан е фаворитот Англија. Домашните фудбалери со гол во 85 минута славеа победа со 2-1 против селекцијата на „Гордиот Албион“ во квалификациите за Европското првенство 2020.

Триесетгодишниот Зденек Ондрашек вечерва дебитираше за својата

Претходно, Англија прва дојде во водство, уште во 5. минута со гол од пенал на Хари Кејн. По само 4 минути Чесите го израмнија резултатот преку Брабец.

Во Лисабон, Португалија предводена од Кристијано Роналдо стигна до лесни 3-0 против аутсајдерот Луксембург, а најинтерсниот момент на мечот се случи во 65 минута кога Роналдо со прекрасен лоб удар донесе водство за својата селекција тогаш од 2-0.


Во останатите денешни дуели од квалификациите, Франција минимално со 1-0 славеше на гостувањето кај Исланд, со голот од пенал на Жиру.

Андора со 1-0 ја совлада Молдавија, со што го скрши малерот и успеа да слави по цели 14 меча без победа.

Турција во финишот на мечот против Албанија постигна гол преку Тосун за 3 бода со кои изби на врвот на табелата, пред „триколорите“.

Украина беше подобра од Литванија со 2-0, а единствениот вечерашен дуел на кој немаше погодоци се одигра во Подгорица, меѓу Црна Гора и Бугарија.

Scroll to Top