Екс-капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард доцна синоќа им ја честиташе на фудбалерите и на навивачите на Ливерпул титулата во Премиерлигата.
Иако како играч Џерард на двапати беше многу блиску да го подигне пехарот во ПЛ, во сезоната 2008/09 и во 2013/14, сепак не успеа во тоа.
Тој не го криеше задоволството на кое „црвените“ чекаа цели 30 години.
„Честитки до клубот за освојувањето на титулата. Тоа е неверојатно достигнување од фантастичен тим на врвни играчи. Нека започна забавата”, напиша Џерард на Инстаграм.