Top Sport

Чиро Ферара продава дрес на Марадона од 1987-ма, за добротворни цели

Репрезентативниот дрес кој Диего Марадона го носел во 1987 година на пријателски дуел на Аргентина и Италија е на продажба и за неколку часа достигна цена од 14.000 евра.

Добротворната акција ја организираа легендарните фудбалери од Неапол, Чиро Ферара и браќата Канаваро, Фабио и Паоло.
Мечот меѓу Аргентина и Италија се одиграл во Џирих, Швајцарија како најава за Мундијалот во „Чизмата“ во 1990 година.

Марадона бил капитен на Аргентина, а Чиро Ферара, тогаш 20-годишен, дебитирал за Азурите. Тие двајца ги размениле дресовите по мечот.

„Драг Чиро, пријателе и верен сопатнику. Се уште се сеќавам на твоето деби за селекцијата. Драго ми е што дресот што ти го дадов пред 33 години денес може да им помогне на луѓето во овие тешки моменти. Неапол и Наполитанци, мојот втор дом, мои луѓе“ напиша Марадона на својот Инстаграм профил најавувајќи ја аукцијата.

Освен дресот на Аргентинецот, на аукцијата се најдоа бројни вредни експонати, а понуди стигнуваат од целиот свет.

Аукцијата на проектот „Со тебе сме: Заедно за Неапол“ ќе биде отворена до 24 април.

По само 24 часа од отворањето, собрани се над 30.000 евра.

Scroll to Top