Top Sport

Чудо е што преживеал, фудбалер имал 300 отчукувања на срцето во минута (видео)

Англискиот фудбалер Леон Барнет е принуден да ја прекине фудбалската кариера на само 32 години откако за чудо, останал жив на мечот на својот Нортемптон против Бери во Англија, на 2. минатиот месец.

Му биле откриени проблеми со срцето и било востановено дека имал 300 отчукувања на срцето во минута, што е неверојатно.

„Лекарите ми рекоа дека некој кој се занимава со обична работа, по вакво нешто веднаш би колабирал. Останав во шок по тоа што го чув, но можеше да биде и полошо“ – вели несреќниот фудбалер.

Кај здрави луѓе отчукувањата на срцето изнесуваат меѓу 60 и 80 во минута, а кај спортистите бројот е помал, помеѓу 40 и 60. Кај Барнет, кој е екс играч на Вест Бромвич, Норвич и Виган се се пореметило.

„Ми рекоа дека сум имал среќа што сум останал на нозе, ме спасило тоа што сум фит поради фудбалот“ – вели Барнет.

Scroll to Top