Top Sport

Циципас е прв финалист во Лондон, Федерер „преслушан“ за 96 минути

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас предмалку со 2-0 (по сетови 6-3 и 6-4) го совлада тенискиот ветеран Роџер Федерер во полуфиналето на завршниот Мастерс турнир во Лондон.

Сјаен тенис прикажаа Циципас и Федерер, а помладиот за 96 минути го „преслуша“ искусниот Швајцарец и обезбеди место во финалето каде ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Доминик Тим и Александер Зверев.

Во првиот сет доволен на Гркот му беше само еден брејк, а во вториот сет борбата се распламти. Повторно Циципас успеа да направи брејк, Федерер го врати брејко. Грчкиот тенисер повторно направи нов брејк, но овојпат Швајцарецот не успеа да возврати на брзата и полетна игра на противникот, па го загуби мечот.

Scroll to Top