Top Sport

Расистички напад во Романија, мета црномурест фудбалер на Шведска

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Александер Исак се најде на мета на расистички навреди во текот на гостувањето на селекцијата на Шведска во Романија во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020. Викинзите го добија мечот со 2-0, а пред крајот на мечот следуваа расистички навреди за црномурестиот Исак.

„Слушнав расистичко злоставување кое доаѓа од трибините и му пријавив на судијата, но тој одговори дека не слушнал ништо. Сепак, по неколку минути го прекина мечот. Си помислив, срамота е, но од друга страна, бевме подготвени на такво нешто. Секако, беше болно“ – изјави Исак.

По последниот судиски свиреж, Швеѓаните побрзаа да го прегрнат Исак и така заедно ја прославија победата и пласманот на ЕП.

Романија најверојатно ја очекува жестока казна од УЕФА, нешто слично како и Бугарија каде имаше расистички скандирања против црномурестите фудбалери на Англија.

Scroll to Top