Top Sport

Циндриќ МВП на завршниот турнир

Ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ е прогласен за МВП на завршниот турнир во СЕХА лигата, кој заврши со триумф на Вардар. Црвено-црните во финалето го совладаа Загреб 26:24. Циндриќ во финалето постигна пет гола.

Средниот бек на Вардар ја предводи идеалната постава на завршниот турнир.

Покрај Циндриќ во идеалната постава се неговите соиграчи Штербик (голман) и Дибиров (лево крило), играчите на Загреб Павловиќ (лев бек) и Хорват (десно крило), Млакар од Целје (десен бек) и Шумак од Мешков Брест (пикер). Најдобар дефабзивец е вардарецот Абутовиќ.

фото: seha-liga.com

Scroll to Top