Top Sport

Дарио Ивановски победи на полумаратонот во Белград

Дарио Ивановски повторно триумфираше на полумаратонската трка, која е дел од маратонот во Белград. Ивановски, денес, победи на патеката долга 21,1 километри со резултат 1.08.13 час.

Времето што го постигна македонскиот атлетичар е за речиси две минути подобро од резултатот со кој лани победи во Белград (1:10.01 час).

Успехот на македонската атлетика на полумаратонската трка го надополни Милош Ранчиќ кој се пласира на третата позиција со време 1:12.41 час.

Меѓу македонските атлетичари, на второто место се пласира Србинот Милош Сегеди.

фото: vesti.rs

Scroll to Top