Top Sport

„Новиот Ибрахимовиќ“ повторно актуелен, го сака Барселона (видео)

Младиот Швеѓанец, Александер Исак беше топ тема во сите европски медиуми пред две ипол години. Чудото од дете или „новиот Ибрахимовиќ“ како што го нарекуваа тогаш направи трансфер во Борусија Дортмунд иако за него тогаш се интересираа и Реал и Барса. Сепак, тогаш како 19-годишник зимата 2017 тој од АИК Стокхолм замина во Дортмунд за 9 милиони евра.

На „Вестфален“ не се снајде, па беше испратен на позајмица во холандски Вилем 2. Таму оваа сезона Швеѓанецот повторно заблеска, а „Мундо Депортиво“ пишува дека со одличните партии ги привлече погледите на Каталонците.

Младиот напаѓач само на последните 8 меча за клубот постигнал 11 гола, а сезонава вкупно реализираше 16 гола со 5 асистенции во 22 натпревари.

Сепак тој е сеуште под договор со Борусија која летоска ќе треба да реши за неговата фудбалска судбина.

Scroll to Top