Италијански „Калчомеркато“ пишува дека Милан сериозно се заинтересирани за услугите на играчот на Манчестер Сити, Давид Силва (34).
„Росонерите“ во шпанскиот ветеран гледаат одлична замена за Златан Ибрахимовиќ откако Швеѓанецот најави дека летово ќе го напушти „Сан Сиро“.
Милан во Силва гледа иден лидер и ментор на младата екипа, а дополнителна предност за клубот од Милано е фактот што нему му истекува договорот со „граѓаните“ во јуни годинава.
Силва во Манчестер стигна пред 10 години од тимот на Валенсија, за за „граѓаните“ има 423 настапи, на кои постигна 73 гола, а имаше и 134 асистенции.
Шпанскиот фудбалер со Сити освои 4 титули во Премиерлигата, а сезонава настапи на 28 меча во тимот предводен од Пеп Гвардиола.
Давид Силва со „Фуријата“ освои две титули шампион на Европа и една титула Светски првак.
Конкуренција на Милан за услугите на Шпанецот му е Интер Мајами, клубот чиј ко-сопственик е Дејвид Бекам.