Поранешниот кошаркар, Јорданчо Давитков е сменет од селекторската функција во машката македонска сениорска кошаркарска репрезентација.
Тој откако денеска доби официјалниот раскин на соработката со Кошаркарската федерација на Македонија, a својот став за смената го искажа на социјалната мрежа Фејсбук.
Давитков е разочаран од односот на актуелното раководство во македонската кошарка, а посебно незадоволство искажува за односот на актуелниот претседател на КФСМ, Перо Антиќ кон репрезентацијата и колегите кои, наводно, ги нарекува „ОВИЕ“.
Еве што напиша Давитков на ФБ: