Манчестер Јунајтед е подготвен да ја зголеми платата на шпанскиот голман, Давид де Хеа и со него да потпише нов договор, пишуваат медиумите на Островот.
Шпанецот на „Олд Трафорд“ стигна пред 8 години, а Јунајтед од сегашните 200.000 е подготвен да му ја покачи неделната плата на голманот на 350.000 фунти.
Во клубот се уверени дека договорот ќе биде постигнат и дека Де Хеа ќе потпише нов четиригодишен договор.
Кога се работи за ѕвездите на Јунајтед, францускиот ас Пол Погба и понатаму инсистира да си отиде од клубот.
Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Погба лично побарал од Маурицио Сари да се заложи за тој да се врати во Јувентус.