Шок во Њујорк. Мексиканецот Енди Руиз го победи досега неприкосновениот Ентони Џошуа и му ги зема сите четири титули првак во (WBA/IBF/WBO/IBO верзиите) во тешка категорија.
Руиз во синоќешниот меч во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк дури четирипати го праќаше Џошуа на подот, а по последниот нокдаун во седмата рунда, судијата означи крај на борбата.
Ова е прв пораз во кариерата на Британецот по 22 борби, а скорот на Риз сега е 33:1.
Нема сомнеж дека оваа победа на Мексиканецот беше шок за Џошуа, но и за целиот боксерски свет, па Британецот најави брз реванш меч.
„Енди, секоја чест. Уживај во овие моменти и се гледаме наскоро. Му порачувам на Руиз дека ќе се вратам уште посилен“ рече Џошуа веднаш по поразот.
Победникот му се заблагодари на Бог за победата.
„Само сакам да му се заблагодара на Бог што ми ја даде победата. Без него, ова не би било можно. Се чувствувам сјајно. Тоа е тоа што го сонував, за што крваво работев. Доказ дека соништата се остваруаат. Небото ми е граница“ рече Руиз.
Промотор на Џошуа реванш мечот го најави за ноември или декември годинава.