Top Sport

Дејан Милосављев е најдобар српски ракометар за 2018 година!

Чуварот на мрежата на скопски Вардар, Дејан Милослављев (22) беше прогласен за најдобар српски ракометар за 2018 година од страна на Ракометната федерација на Србија.

Милосављев зад себе ги остави Немања Илиќ и Вукашин Воркапиќ. За голманот кој имаше одлична полусезона во Вардар гласаа сите тренери и капитени на екипите.

Милосављев во Скопје пристигна на барање на легендата на српскиот ракомет, екс-голманот Дејан Периќ откако на крајот на минатата сезона клубот го напушти Арпад Штербик.

Scroll to Top