Top Sport

Интер го стигна казната, два меча со празни трибини поради расистички скандирања

Комисија во Серија А ги изрече казните за настаните кои синоќа го одбележаа дербито на „Меаца“ меѓу Интер и Наполи.
Имаше расистички скандирања за дефанзивецот на гостите, Кулибали откако тој заработи црвен картон, па затоа Интер е казнет со два меча на „Џузепе Меаца“ да игра без публика.

Дел од казната за „нероазурите“ е што на третиот меч што екипата ќе го одигра на домашен терен во следната година ќе биде затворена трибината за најверните навивачи на клубот.

Кулибали од Наполи поради црвениот картон доби два натпревари суспензија.

Иста казна плус инкасирање 10.000 евра во касата на Серија А заработи и Инсиње кој го навредувал судијата во текот на натпреварот.

Scroll to Top