Top Sport

Дел Боске: Го наговаравме Меси да игра за Шпанија, ама тој ја сака Аргентина

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, Висенте дел Боске изјави дека му било сон да го види Лионел Меси (31) во репрезентацијата на „црвената фурија“.

Тој во изјава за радио „Вила Тринидад“ вели дека голем труд вложиле првите луѓе на Фудбалскиот сојуз на Шпанија за да го наговорат Меси да го облече дресот на „фуријата“, но безуспешно“.

„Сојузот вложи доста труд и наговарање за Меси да заигра за Шпанија, но без ефект. Лионел одби затоа што ја сака својата татковина. Меси е Меси, еден и единствен, ми беше сон да го тренирам“ – рече Дел Боске.

Сјајниот Аргентинец се приклучи на Академијата на Барселона во 2001 година и беше во можност да одбира меѓу Аргентина и Шпанија, но сепак ја одбра татковината каде што е роден.

Сепак успесите на Меси со Аргентина се разочарувачки во однос на клупските. Со „гаучосите“ загуби три финалиња на Копа Америка, а загуби и во финалето на Мундијалот 2014 година.

Scroll to Top