Top Sport

Демба Ба пак во Истанбул, потпиша за Башахшехир

Сенегалецот Демба Ба повторно ќе игра во Турција, и повторно за клуб од Истанбул, но не во претходниот клуб Бешикташ, туку во моментниот лидер во турската прва лига, Истанбул Башахшехир.

Сенегалецот во Истанбул ќе дојде на крајот на сезонава, на позајмица од кинески Шангај Шенхуа, клубот со кого има договор до 2022 година.

Искусниот фудбалер додека настапуваше за Бешикташ постигна 28 гола на 45 натпревари. Претходно играше во Премиер лигата, за Челси, Њукасл и Вест Хем, во Германија настапуваше за Хофенхајм, а во Белгија за Мускрон.

Башахшехир моментно има 6 бода повеќе од второпласираниот клуб во Турција, Галатасарај.

Scroll to Top