Top Sport

Халилхоџиќ: Ми се заблагодари за се што сторив за него и се качи на авион!

Босанскиот тренер кој го предводи францускиот фудбалски клуб Нант за хрватските медиуми дал изјава непосредно по веста за исчезнувањето на авионот во кој патувал аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала.

Халилхоџиќ, довчерашниот тренер на Аргентинецот, шокиран од случувањата го раскажал нивниот однос во клубот, но ја доловил и нивната последна средба пред исчезнувањето.

„Не можам многу да зборувам, во шок сум, сите сме, целиот клуб. Неверојатно, вчера беше со нас. Имавме фантастичен однос. Кога дојдов во Нант тој беше во тешка ситуација, нерасположен, не беше во форма, па јас со него многу разговарав“ – вели прославениот тренер кој е еден од најзаслужните за трансферот на Сала во Кардиф.

Аргентинецот од 13 постигнати голови во минатата сезона, дури 9 ги постигнал во периодот додека Босанецот е на кормилото на клубот.

Халилхоџиќ сведочи дека Сала во последните месеци бил одличен играч, одлично момче кое сите во соблекувалната го сакале.

„Мене тешко ми дојде што тој заминува во Кардиф, тешко се помирив со тоа“ вели тренерот.

За нивната последна средба, раскажува Халилхоџиќ дека се случила неколку часа пред авионот да се упати кон Кардиф.
„Дојде во понеделникот (вчера) во клубот, се прости со соиграчите, а ние заедно бевме на ручек. Ми се заблагодари за се што сторив за него и се качи на авион! Утрово ја видов веста. Најтешкиот ден во кариерата, во животот“ – рекол Халилхоџиќ.

Scroll to Top