Top Sport

ЕП: Црногорците го „потопија“ светскиот првак Италија, 10-8 (видео)

Големо изненадување во четвртфиналето на ЕП во ватерполо.

Ватерполистите на Црна Гора со 10-8 славеа победа против селекцијата на Италија која е актуелен светски шампион. Црногорците во полуфиналето ќе се борат против подобриот од дуелот Унгарија – Русија.

Ова е прво полуфинале за Црногорците на големите натпреварувања по пауза од три ипол години.

Во голема борба, Црна Гора со сјајна одбрана и со чудесните одбрани на голманот Дејан Лазовиќ ги запре Италијанците.

Првата четвртина заврши нерешено 3-3, а во втората избраниците на селекторот Владимир Гојковиќ успеаја со внимателно градени акции да стигнат до предност, па на осмор заминаа со резултат 7-6.

Во вториот дел Италијанците станаа нервозни, па промашуваа и со играч повеќе во базенот. Црна Гора го искористи моментот, па отиде на +3, резултат што Италијанците не успеаја да го стигнат. Актуелните светски шампиони не искористија дури 10 од 13 напади со играч повеќе.

Најзабележителен во победничката селекција, освен голманот Лазовиќ беше Петковиќ со 4 гола, додека во поразената репрезентација Фигари беше стрелец на 2 гола.

Scroll to Top