Привремениот селектор на Италија, Луиџи Ди Бјаџо, тврди дека бил во право кога не го повикал Марио Балотели за пријателските натпревари против Аргентина и Англија.
Италија, минатиот месец беше поразена од Аргентина (0:2) и одигра нерешено со Англија (1:1). Иако постоеја најави дека контроверзниот напаѓач по долга пауза повторно ќе се најде во националниот тим, Ди Бјаџо реши да не го повика за двете средби.
Ди Бјаџо е сигурен дека формата на Балотели во Ница не е доволна за да добие повик во националниот тим.
„Ги видов сите негови голови, во целост ги гледав сите 15 натпревари на кои играше оваа сезона“, изјавил Ди Вјаџо за Премиум спорт и дополнил:
„Игра добро, но направив проценка од 360 степени. Играч мора да боде оценет и за настапите и за она што го прикажува на теренот. Познавајќи го одлучив приоритет да добијат други играчи“, завршил 46-годишниот тренер.