Top Sport

Џошуа сепак најде противник, со Милер ќе ги вкрстат ракавиците на 1 јуни во Њујорк

Актуелниот заштитник на тронот во боксерска тешка категорија, Ентони Џошуа, на 1 јуни годинава во Њујорк ќе ги вкрсти ракавиците со Џарел Милер.

Џошуа, кој има 22 победи во исто толку меча, против Милер ќе ги брани појасите во тешка категорија во организациите WBO, WBA и IBF. Милер, пак, во 24 борби досега има 23 победи, со еден нерешен дуел.

Борбата ќе се одржи во „Медисон Сквер Гарден“.

„Се радувам за следната борба. Милер е одличен боксер, но нема ништо да препуштам на случајот. Ќе го размонтирам со стил“ – рече Џошуа.

Ентони Џошуа не може да најде достоен противник

Scroll to Top