Без конкуренција синоќешниот натпревар во забивање на Ол стар викендот во НБА лигата го доби кошаркарот на Оклахома сити тандерс, Хамиду Диало кој беше најатрактивен.
Диало со т.н. „лакот забивање“ ја крена салата на нозе откако како од шега го прескокне Шекил О’Нил, па откако го заби баскетот во обрачот неколку секунди висеше со лакотот заглавен во кошот. Згора на се додека беше во воздухот го покажа под дресот знакот на Супермен.
Од останатите натпреварувачи, во првиот круг испаднаа Мајлс Бриџис од Шарлот и Џон Колинс од Атланта.
Борбата во финалето беше меѓу Диало и Денис Смит јуниор од тимот на Њујорк кој имаше само 3 поени помалку од победникот.
Погледнете го победничкиот потег, но и страшните забивања на останатите учесници: