Напаѓачот на Јувентус, Аргентинецот Пауло Дибала би можел летово да го напушти италијанскиот шампион. Цела сезона постојано беше во сенка на Кристијано Роналдо.
Голем број европски клубови се интересираат за него. Најактивно се шпекулираше дека би можел кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед, но сега кога „ѓаволите“ останаа без место во ЛШ, се чини таа опција пропаѓа.
Германските медиуми пишуваат дека Дибала е мета на Баерн Минхен. Тренерот Ковач би сакал да го види напаѓачот на „Алијанц арена“, а челниците на клубот веруваат дека можат Аргентинецот да го доведат за обесштетување не поголемо од 80 милиони евра.
Дибала на 39 меча сезонава постигна 10 гола со 6 асистенции. Дибала се наоѓа во немилост кај тренерот Алегри кој преферира други решенија во нападот на „Старата дама“
Засега „бјанконерите“ најавуваат дека Дибала не е за продажба под 100 милион евра.