Аргентинецот Пауло Дибала имаше опшрно интервју за француски „Телефут“ во кое зборуваше за Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но и за нивните наследници, Бразилецот Нејмар и Французинот Мбапе.
Дибала смета дека Нејмар и Мбапе ќе бидат и подобри играчи од Меси и Роналдо.
„Нејмар е на добар пат да се претвори во најдобар играч во светот, прави неверојатни раоти со топката и не престанува да ме изненадува. Станува збор за фантастичен играч кој ќе стане уште поголем со текот на годините. Има уште толку многу години пред себе. Истото важи и за Мбапе. Се соочив со него кога беше дел од Монако и уште тогаш знаев дека ќе стигне многу далеку. Тој веќе е светски шампион и тоа што го направи на мундијалот беше неверојатно. За многу кратко ќе биде во фудбалската елита, заедно со Нејмар може да ги надминат Меси и Роналдо кои и натаму се недопирливи во овој момент“ – вели Дибала.