Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас продолжува да добива понуди од различни фудбалски клубови во Европа.
Откако неговото име претходно беше споменувано како засилување за тимови од рангот на Лацио, Интер, Фиорентина, Тотенхем, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Зенит, Борусија Дортмунд, Севиља, сега се појави нов клуб кој сака да го ангажира фудбалерот на турски Фенербахче.
Извори од Турција велат дека заинтересиран за услугите на 19-годишникот е мадридски Атлетико.
Неофицијално, „јорганџиите“ нуделе 15 милиони евра, со тоа што како опција било и напаѓачот Никола Калиниќ да се сели во Истанбул, а Елмас да му се стави на располагање на тренерот Диего Симеоне.
Елмас е во Фенербахче е 2 години, а вниманието на фудбалската јавност го привлече со одличните настапи за Фенербахче и македонската фудбалска репрезентација.