Top Sport

Дин Хендерсон е закана за „единицата“ на Де Хеа во Јунајтед

Дин Хендерсон, голманот на Манчестер Јунајтед кој моментно е на позајмица во Шефилд Јунајтед е една од клучните фигури во клубот од „Градот на челикот“. Шефилд е на само -2 бода од Челси кој го зазема местото кое води во Лигата на шампиони.

Доколку Шефилд се квалификува во ЛШ идната сезона, Хендерсон би понел големи заслуги. Англискиот чувар на мрежата воодушевува од почетокот на сезоната. Навивачите го викаат да се врати во Манчестер и да го заземе местото меѓу стативите идната сезона.

Тоа би значело дека шпанскиот голман, Давид де Хеа, кој е најплатениот фудбалер во Премиерлигата, по цели 9 години би можел да седне на клупа, или, да го напушти Јунајтед.

Статистиката вели дека Хендерсон сезонава е далеку подобар од Де Хеа. Според бројот на мечеви на кои успеале да ја зачуваат мрежата, односот Хендерсон – Де Хеа е 9:5.

Идентични се по бројот на одбрани, двајцата имаат по 65, но процентот на успешност е на страна на Хендерсон, 75 наспроти 69%.

Голманот на Шефилд има 15 интервенции надвор од шеснаесетникот, за разлика од чуварот на мрежата на Јунајтед кој има само 3.

„Голем е сонот да се игра за Манчестер Јунајтед еден ден. Отсекогаш за тоа сонувам и живеам, и се додека тоа не го исполнам, никогаш нема да помислам дека сум успеал“ – рече Хендерсон.

Scroll to Top