Англискиот фудбалер Џејми Куретон и на 43 – годишна возраст не ја изгубил желбата за фудбал, па со успех настапува и ги тресе противничките мрежи.
Приказната за фудбалерот кој моментно ги брани боите на англискиот седмолигаш Бишоп Стортфорд (каде е и помошник тренер) започнала во 1993 година кога тој заиграл за тимот на Норвич, по што променил дури 18 различни клубови, сите на Островот, освен во сезоната 2003/04 кога играл за јужнокорејски Бусан.
На овој голгетер му недостасува само уште еден погодок за да влезе во друштво на стрелците кои постигнале 200 и повеќе голови во првите 4 по ранг фудбалски натпреварувања во Англија. На последниот меч за својот тим Куретон постигнал хет трик, па контото на голови го подигнал на 350.
Доколку продолжи во ист ритам, може да стигне и до бројка од 1.000 одиграни натпревари. За тоа му недостасуваат уште 25 меча.
Еве дел од кариерата на голгетерот: