Дербито во Евролигата, пресметката на двата претходни шампиони, ЦСКА Москва и Реал Мадрид заврши со драматична 73:71 победа на „Армејците“ за да ја забележат својата шеста победа во низа во 11-то коло од натпреварувањето.
На помалку од минута пред крајот, ЦСКА водеше со два поени, пред Треј Томпкинс да постигне тројка и да им даде водство од еден поен. Меѓутоа, Џејмс го имаше последниот збор, откако го погоди победничкиот поен на само две секунди пред крајот, по што беше успешен и од линијата за слободни фрлања.
Џејмс беше најдобриот на мечот со 28 поени, Торнике Шенгелија додаде 15 поени и 7 скока, додека Топкинс заврши со 15 поени и 6 скока за „кралевит“, а Габриел Дек додаде 14.
Рускиот тим сега има 8-3 скор, додека Реал падна на 6-5.
Winning 4-point shotpic.twitter.com/vs6IjKLWBr
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) November 26, 2020