Top Sport

Џемаили: Синиша ни е како татко на сите во клубот

Капитенот на Болоња, Блерим Џемаили вети дека клубот ќе се бори за својот тренер Синиша Михајловиќ по откривањето дека српскиот стратег има леукемија, објаснувајќи дека „тој е како татко на сите нас во клубот“.

Џемаили е швајцарски репрезентативец кој е роден во Тетово и има албанско потекло, вели дека сите во тимот биле шокирани од вестите, но вели дека ќе му дадат сила на Михајловиќ.

„Тренерот ќе победи во оваа битка и за нас, бидејќи сите сметаме дека сме негово семејство. Тоа што ни го даде во последните шест месеци ретко го добивате од било кој тренер. Знаеме каква личност е, колу е силен и ќе се обидеме нашата сила да му ја пренесеме кога ќе му биде потребна. Едвај чекаме да се врати. Утрото беше шокантно, да бидам искрен, но откако зборувавме со него, сфативме дека мораме да продолжиме да работиме. Синиша ни го кажа тоа со насмевка и ќе го направиме тоа за него. Михајловиќ ни е како татко, затоа ќе се бориме за него како што тој се бори за нас“, вели 33-годишниот Џемаили.

Михајловиќ ја презеде Болоња во јануари додека клубот беше во зоната за испаѓање, но успеа да ги искачи до 10. место во Серија А.

„Има толку голема страст тука и стадионот речиси секогаш беше полн и покрај тешкотиите кои ги имавме. Затоа мораме да дадеме максимум, за тренерот, за нас, за градот“, додава Џемаили.

Scroll to Top