Џенова на нашиот Горан Пандев одигра слаб меч во Удине против тимот на Удинезе и загуби со 2-0. Македонскиот репрезентативен капитен го одигра второто полувреме од мечот, но и тој се вклопи во сивилото на својата екипа.
Удинезе фуриозно го почна мечот, а резултатот беше отворен уште во 4. Минута, стрелец Стефано Окака Чука.
Тренерот на Џенова, Прандели со неколку замени успеа да ја освежи екипата, но во 61. минута се случи најфудбалскиот момент на натпреварот.
Италијанецот Роландо Мандрагора на ефектен начин, со удар од дваесетина метри постигна прекрасен гол за 2-0 кој се покажа дека е конечен резултат на мечот.
Со новите три бода Удинезе сега има 28 бода и за момент избега од опасната зона која води во Серија Б.